Latest Entries »

Рано утринава се случи уште еден грабеж на банка во Скопје, при кое нема повредени, потврдуваат од СВР Скопје. Рано утринава, некаде во периодот помеѓу 07:45 и 08:00, две вооружени и маскирани лица влегле во експозитурата на „Sperm Bank International“ и под директна закана на пиштоли ја ограбиле вработената Н.Н. која случајот веднаш го пријавила до безбедносните органи. Пред истражните органи таа изјавила дека се исплашила од големите пиштоли и веднаш им го предала целиот пазар од претходниот ден во две црни вреќи, како и неколку пакети со списанија за возрасни.

Портпаролот на „Sperm Bank International“ потврдува дека криминалците однеле роба со вкупна вредност од 2300 евра и изрази надеж дека органите на редот ќе ги фатат безобразните криминалци и со тоа ќе ја надоместат штетата на овој угледен деловен инвеститор во нашата земја.

Министрите во Владата на Македонија денес на прес конференција ја известија јавноста дека во правецна хармонизирање на односите во коалицијата по неколкуте скорешни настани кои предизвикаа криза во Владата (проектот Скопеј 2014, воведувањето на македонскиот јазик за првооделенците Албанци, Македонската енциклопедија, итн.) донесоа едногласна одлука да ги сменат своите ринг-тонови на мобилните теелфони, како знак дека односите во коалицијата се во најдобар ред. Тие го презентираа и самиот ринг тон пред насобраните новинари:

Министрите Македонци потврдија дека со задоволство ќе го користат овој ринг тон и на работа и дома, и со тоа практично ќе ја покажат и докажат својата извонредна соработка со колегите Албанци. Министрите Албанци го искажаа своето задоволство од оваа одлука на Владата и изразија надеж дека тој ќе придонесе за понатамошно подобрување на односите, релаксирање на меѓуетничките односи и подобра имплементација на двојазичноста.

Посредникот на Обединетите нации во спорот за името, господинот Метју Нимиц, денес на прес конференција ја информираше јавноста за неговите најнови активности за наоѓање решение за спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Тој најави дека започнува со медиумска кампања за наоѓање на решение за долгодгодишниот спор. Како прв чекор тој го претстави логото на кампањата и изрази надеж дека тоа силно ќе придонесе за завршување на овој спор. Во наредниот период ќе се емитуваат неколку спотови на CNN за ова прашање, а низ градовите на Грција и Македонија ќе бидат поставени повеќе билборди.

На прашањето на новинарите колку ќе чини оваа кампања, тој сепак не ги отрки бројките, и порача дека таа не чини многу, кога ќе се спореди колкави можат да бидат придобивките од компромисот по ова прашање.

Денес, 23.02.2010, UN-медијаторот во преговорите околу името, неговата доблезна велико-објективност, Мет Ју Ни Миц, пристигна во Скопје. По остварените средби со државниот врв, својата интензивна дипломатска активност, ја продолжи во еден од угледните скопски хотели каде одржа аукција.

Предмет на аукцијата на Нимиц беше државното име на Македонија, а учесниците можеа да лицитираат кој ќе даде најниска уникатна понуда за да го продаде името. Домашните предавници во голем број се беа наредиле во салата и мошне посветено се впуштија во лицитацијата. Титовите леви сили беа најгласни и дојдоа со цел лимен оркестар, а нивниот лидер понуди единствена уникатна цена од 50.000 евра, цена која според нив им е потребна да го средат своето партиско седиште. Претставниците на опозицијата исто така ги доставија своите понуди и изразија надеж дека ќе ја имаат таа чест да го продадат името со што пониска цена.

Неколку лоби-групации на новинарите зедоа активно учество во лицитацијата и ја поднесоа својата понуда, надевајќи се дека ќе ја имаат среќата таа да биде најниска уникатна понуда. Имаше тука и провладини, опозициски, странски и други медиумски субјекти и објекти.

На аукцијата се појавија и претставници на албанските партии, но тие не учествуваа во лицитирањето, според нив, заради фер-договорот со домашните предавници „да не им јадат од лебот“. Во салата беа забележани и неколку истакнати домашни патриоти и медиумски домољубители, кои се очекува наредните денови да излезат со конкретни списоци на предавниците кои учествуваа во овие аукциски дејанија.

Медијаторот Нимиц изрази срдечно задоволство од аукцијата и вети дека во наредниот период ќе излезе со резултати oд аукцијата, со цврста увереност дека името наскоро ќе биде приодадено, а со тоа и решено.

Facebook - social networking  КПЈ - socialist networking

Ако не си зачленет на Фејсбук, никој си и ништо. Ако не си зачленет во КПЈ, никој си и ништо.

На Фејсбук сите ти се другари и другарки, иако не ги познаваш пола од нив. Во КПЈ сите ти се другари и другарки, иако не ги познаваш пола од нив.

На Фејзбук подржуваш акции и разни каузи, а не мораш да мрднеш со малото прсте. Во  КПЈ членуваш во милион комисии, одбори и собранија, а не мораш да мрднеш со малото прсте.

На Фејзбук имаш Фармвил, во КПЈ имаш задруги и аграрна реформа.

На Фејзбук имаш „Like“, во КПЈ имаш „Живео друг….!!!“ или „Живела другарица…!!!“

Facebook - често ти ја нарушува приватноста, КПЈ - често ти ја нарушува приватноста.

Спам и неспам

Пред некој ден бев прашан како се разграничува спам од добро таргетиран маркетинг. Се послужив со следниот пример:

Ако Мартин Лутер ги зачукаше своите 95 тези на сите врати низ Витенберг, тоа ќе беше спам. Кога ги зачукал на портите на црквата во Витенберг, е тоа е веќе добро таргетиран маркетинг.

Powered by WordPress and Motion by 85ideas.