Големата награда на Скопје
Откако по пљачкосуењето на Прокредитната банка, која и самата беше кизнаекоја по ред пропљачкана банка, казино или менувачилница, неделава и на Уни банка ѝ дојде редот. Вештите маскирани лица повторно успеаја да му ја здувнат, иако беше утрински рашаур, а банката под видео надзорство. Чуварите на редот отпотоа си се испрошетаа во поширокиот круг на банката, но можеа само да ги избројат џапнатите пари, како и обично, и ништо повеќе од тоа.
Ако се сеќаваш пред некое време проструи извесна шпекулација дека можеби и во Македонија ќе има трка на Формула 1 циркусот? Е токму оваа иницијатива ми даде идеја ако се прави патека за Формула 1 тоа да биде токму рутата која ја користат пљачкосувачите, па со право и самата трка ќе може да се нарече „Големата награда на Скопје“, а вака и ќе има извесна сторија и бекграунд зад оваа трка, со што истата ќе стане уникатна.

Патеката би одела негде од филијалата на Прокредит во Лисиче, низ Аеродром, до комплексот банки, па накај Стопанска, Комерцијална, во правец на Зираат банка, па потоа накај партизанска и вкруг назад накај Кале па во правец на Косово.
Е тоа би било спортска и туристичка атракција со свој бекграунд и уникатна приказна, а ние секако заслужуваме свое место и во овј белосветски циркус, ако е за волја на вистината.
June 26th, 2009 at 1:59 am
Целата држава ни е “циркус”, само уште F1 ни фали.
June 27th, 2009 at 3:36 am
Има камери на семафори и улици … Ако и го го откријат идентитетот ( а тоа е скоро одма ако ги уснимиле ) ги пуштаат да си одат за да нема цивилни жртви ( можат да ги запрат
ама каде во населено место овие имаат автоматски пушки ) …
После ке чекаат поволен момент да ги фатат зошто им го знаат идентитетот …За да нема пукање по улици … Општа практика во цел свет е ова …
June 30th, 2009 at 1:46 pm
хахахахахаха
оригинално, нема што…
јас мислам дека треба да му го предложиш ова на Коце на следниот ден на идеи па можда ќе ја промовира како таа со сатот :)))