Денес, 23.02.2010, UN-медијаторот во преговорите околу името, неговата доблезна велико-објективност, Мет Ју Ни Миц, пристигна во Скопје. По остварените средби со државниот врв, својата интензивна дипломатска активност, ја продолжи во еден од угледните скопски хотели каде одржа аукција.
Предмет на аукцијата на Нимиц беше државното име на Македонија, а учесниците можеа да лицитираат кој ќе даде најниска уникатна понуда за да го продаде името. Домашните предавници во голем број се беа наредиле во салата и мошне посветено се впуштија во лицитацијата. Титовите
леви сили беа најгласни и дојдоа со цел лимен оркестар, а нивниот лидер понуди единствена уникатна цена од 50.000 евра, цена која според нив им е потребна да го средат своето партиско седиште. Претставниците на опозицијата исто така ги доставија своите понуди и изразија надеж дека ќе ја имаат таа чест да го продадат името со што пониска цена.
Неколку лоби-групации на новинарите зедоа активно учество во лицитацијата и ја поднесоа својата понуда, надевајќи се дека ќе ја имаат среќата таа да биде најниска уникатна понуда. Имаше тука и провладини, опозициски, странски и други медиумски субјекти и објекти.
На аукцијата се појавија и претставници на албанските партии, но тие не учествуваа во лицитирањето, според нив, заради фер-договорот со домашните предавници „да не им јадат од лебот“. Во салата беа забележани и неколку истакнати домашни патриоти и медиумски домољубители, кои се очекува наредните денови да излезат со конкретни списоци на предавниците кои учествуваа во овие аукциски дејанија.
Медијаторот Нимиц изрази срдечно задоволство од аукцијата и вети дека во наредниот период ќе излезе со резултати oд аукцијата, со цврста увереност дека името наскоро ќе биде приодадено, а со тоа и решено.

