Tупурковски е гарант Highlander, изгледа исто 1989 и 2009.

Три непишани правила на Твитер: 1. 2. 3.

Како се вика денот кога политичарите не лажат? Предизборен молк.

“Log out from chat” = отчет

Сељак, посељак, Драган Вучиќ (т.е. Алфа-Шабан)

„Вести: Програма која почнува со „Добар ден“, а потоа пола саат ти објаснуваат зошто не бил добар.“

„Десктоп“ на македонски? Иконостас (место каде што стојат икони).

„Брзина на светлината? Од мигот на пуштање на зелено светло на скопски семафор до првата сирена“.

Која е разликата помеѓу убавината и транзицијата? Убавината е минлива.

Белата чума е доказ дека не е сѐ така црно.

Очигледно пред да го добиеме македонскиот Обама ќе мора да го истрпиме македонскиот Џоле Буш.

Знаењето е моќ, но не и кога моќта тврди дека знае сѐ.

„Рецесија: Снежана отпуштила од работа три џуџиња“.

Ride off Kurtо, ride on Murtо!

Најопасен вирус? Ѕевање, нема лек, а се пренесува и преку телефон.

Boki 13 = Miss Mordor

Најуспешниот маркетиншки слоган во независна Македонија? Ѕинго педер…

Virgo Intacta - човек без партиска книшка.

Сите медиуми се спонзоруши.

Оваа земја е изградена на пиратерија: само Цепенков успеал да нацепа 10 (со букви: десет) тома, без да плати никому авторски права.

Никон 3Д - извонреден фото-апарат со кој умешен фотограф може да фотографира жена со затворена уста.

„Нечу нечу дијаманте“ = Првата антикорупциска кампања на просторите на бивша Југославија.

„Википед“ = лекар за студенти и професори со „пречки“ во развојот.

Куче, човековиот најдобар пријател, кучка, човеков најлош непријател.

Паралелни универзуми - светот според ВМРО и СДСМ.

Spiderman = работник во пајак служба.

Националист у суштина ти е човек кој попрво би спиел со Доста Димовска отколку со Џесика Алба.

Хипохондер = колекционер на симптоми.

Karolos Papoulias: You have a friend request from Gjorge Ivanov, 1 mutual friend Vasil Tupurkovski > Ignore.

Дископатија - утрински мамурлак после одење во диско.

Европа не прима само со црвени пасоши, ни требаше 20 години да сфатиме.

„Прашај ја мајка ти“ - прво искуство на секое дете со поимот децентрализација.

Степенот на несреќата во едно општество расте рамномерно со бројот на игри на среќа.

После секој НАТО, ЕУ самит, остануваме сами :(

Може немаме Pay Pal али затоа имаме Nosh Pal.

Политичари: во цел свет се „листопадни“, само кај нас се сите „зимзелени“!

Борбата за европски вредности кај нас се сведува на борба за евра.

Живот, она што се случува додека ти гледаш вести.