Archive for December, 2009
Да се исфрли „Волшебното самарче“ од книжарници, плиз
Dec 23rd
Доста генерации, me inclusive, израснаа со книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“, каде Игор Џандар збира Џамбазов, ја игра улогата на луцидното Трајче дрварче кое носи разни пратки запартизаните преку непријателските редови.
Не сакам да ја оспорувам партизанската антифашистичка кауза, но низ призма на новите европски вредности на кои лека-полека мора да се навикнеме, книгата е крајно контроверзна, и за нас постариве, а да не зборуваме за дечиња во образовен процес.
Како зошто, па барем од две причини: (а) поттикнува злоупотреба на деца за политички цели, (б) промовира шверцерски активности, и тоа од страна на деца…Мислам дека ова е сосем доволно Филип Петровски да преземе нешто и да ја тргне оваа книга од библиотекарските полици.
Фала на внимание.
Кум во МВР
Dec 15th
Гледам ова Ивце Пивце шоуто за деца и си размишљам…Само во Македонија, лик со име Пивце може да прави емисии за деца. Веројатно се работи за платен човек на пивската индустрија, гарант…Но, нејсе, друг ми беше муабетот: да бев сега копук и да ме прашаше Ивце Пивце што сакам да бидам кога ќе пораснам, сигурно ќе му кажев: „Кум во МВР!“. Подобра работа од кум во МВР, здравје.
Ако ве збунува оваа функција, накусо да се објаснам: тоа е човек, или тим, во МВР кој е задолжен за смислување имиња на полициските акции. Веројатно, они ќе ви из-негираат дека тие и постојат, но верувајте, за ваква сериозна работа мора да има цел тим кој стои зад тоа. Бумеранг, Змиско око, Босфор…сѐ е тоа резултат на нечиј макотрпен труд.
Замисли си работен ден. Седиш во канцеларија и ти влегува типац од специјална единица не знам за што:
-Добар ден, добар ден…Јас еве дојдов по име за полициска операција – ти вели тој.
-А убаво, убаво, само нека има работа…го пополнивте формуларот со основните податоци?
-Да, да, еве тука е сѐ – ти покажува тој подавајќи го формуларот – Добро, дојдете во текот на неделава, ќе биде готово.
И ти сега гледаш вака: целна група: дилери, зона: Макеоднија-Србија, соработка со српска полиција…Аха, си велиш, „дрога, Скопје, Србија, Европа, хероин…“, а на радио Роса, ти мава Аца Лукас…и ти доаѓа одма името на акцијата: „Бел град“. И така потполнуваш, удираш печат и си викаш: „Следечи!“. Мерак работа, тотал.
Recent Comments