Пред некој ден издискутиравме на сервисиве за дружење околу цртаните филмови за деца и пораките кои им ги пренесуваат, а понекогаш и им ги всадуваат на најмалите. Еден од нив беше и П
опај, инаку цртан кој требаше на сите да ни ја всади љубовта кон спанаќот, кој нали, е многу здрав, така?
И сега вака, кога ќе се осврнеме малку, кон генерацијава која израсна со Попај, што може да се заклучи?
Може на раат да заклучиме дека Попај е едно големо лузериште и не само што не ни разви никаква љубов кон спанаќот, туку остана единствен од ликовите од тој цртан кој немаше никаков ефект врз генерациите деца кои го гледаа. За разлика од другите ликови, кои успешно ни ги всадија своите атрибути и афинитети:
-Олива успеа да ги убеди децата дека АНОРЕКСИЈАТА е ок и кул.
-Дибек успеа да ги популаризира ТЕТОВАЖИТЕ и ПУШЕЊЕТО.
-Перо Ждеро си го испромовира и наметна ФАСТ-ФУДОТ, т.е. брзата храна.
Смао Попај остана онака лузерски да се чешка по глава…

е, го реши чоекот сега, сирот….
ама не е све така црно:
1. Попај уствари ја поставува дефиницијата за што женската очекува од дечкото:
- да биде силен
- да ја брани
- да биде ќорав и да не приметува дека е ружна ко враг
2. Настрана спанаќот, Попај има доста фраерски мускули што натера многу клинчурана да заглават на тренинзи за бокс и други тепачки спортови и теретани.
3. Многу, многу деца (што како мали го гледале попајов) кога ќе пораснат идат да работат на брод… сеа, не се морнари, ама знаат некои цаки
а неуспехот со спанаќот… до спанаќот е, не е до него
Maja tx :)) Iako Popaj pak ostana najmalku vlijatelen od site likovi tamu sepak ama ima poenti koi epten drzat :))