Значи, немаме врска од врска, мислам ние како земја, како нација!
Пред некој си ден читам како ќе сме се придружеле кон глобалната акција против глобалното затоплување?!? Ама чуму? Зошто? Зашто?
Да имаше оваа земја визионери, како што се саморекламираа Куртовцине и Муртовцине на изборине, некој ќе ја добиеше „Визијата“ и ќе му текнеше дека глобалното затоплување е вистинската долгорочна стратегија на оваа земја. Како?
Најпрвин, глобалното затоплување ќе ги потопи нашите комшии душмани, да речеме еве Грциве, да не одиме подалеку. Вторински, ќе добиеме излез на море, па ќе им го разбиеме монополот на Ориѓанине, нека пукнат од мака, ете така.
Има и други, ама ај да не должам сега многу-многу…


ние како мали се радувавме на идејата за големата вода. ова е единствен начин да си ги врати Македонија старите границите, нема друг. ако оди се по планот, водата треба да дојде до таму кај што е нашата граница. после тоа за пола саат јас сум на море, а не 6 саати, па на крај на енцеро да одам
а која им била стратегијата, да стават ладилници на небото? и јапанци да дојдат да го реализираат проектот, па место тоа на крај да имаме само трет јазик за легализирање.
Lele ova so japancive e dobro, :))))