Само што ја гледав по 765-ти пат рекламата за зонското паркирање во центарот на Скопје. Фино лепо, три зони, плаќање со смс, културно, европски, навидум убавина. Сѐ ок до местото на рекламата каде се вели вака: „платете симболична цена и овозможете повеќе слободни места за сите!“

Финтата е секако во „симболичната цена“, која ни под разно не е симболична. Симболична цена за наши услови е 10 денари. Значи, црвена зона 45 на час, жолта 35/ч, зелена 25/ч. И ова сѐ ти се однесува до 21ч во делник и до 14ч во сабота (недела и празници не се наплаќа). Како што може да се види целиот систем не е осмислен да го организира паркирањето, и да „внесе ред“, туку да спука брз профит за оние кои го спроведуваат, што во осиромашена средина како нашава ќе резултира во поголем хаос со паркирањето, затоа што никој не е луд да оди на кафе во центарот на градот, каде се најатрактивните места и кафулиња, и да даде барем 90 денари само за паркинг.
Дур се паркираш и излезеш од кола, па стасаш до посакуваното кафуле, ете ти 10 минути, + 10 на враќање, одземи уште15-20 минути за чекање на услуга, сметка и слично, и гледаш дека нема шанси да се напиеш кафе без барем 2 саати паркирање, ако не и повеќе. Не дај Боже да тргнеш да завршиш некоја рабта по шалтери низ центарот а си се паркирал. Тука 2 до 3 часа паркинг не ти гинат. Реално е да с еочекува да играат секири во разните редици во центарот на Скопје.
Можеби во места со просечна плата од 1000 евра, едно и пол евро за два сати паркирање има смисла, но кај нас прилично тешко. Вака со поместување на цените заради поголем профит целиот систем паѓа во вода, толку лесно е да се види тоа.

Освен делот со лажгата “симболична цена“, сѐ друго околу ова со Зонско паркирање ми се допаѓа.
Значително се намали сообраќајот во центарот.
За жителите на зградите мислам дека 200д месечно е паркирањето, а кој има ептен зорт ќе си плати повеќе. Ако не е зорт, ќе пропешачи.
Освен навечер, паркинзите (бар во 1ва зона) се полни (не преполни како претходно, кога имаше дупло возила од капацитетот), значи ок е.
Од аспект на жител на Центар…
Da, da, toj agol sosema drzi, fala za spodeluvanjeto na vpecatocite…ostanuva muabetov deka ne bas simbolicno za onie koi sakaat da se parkiraat.
Во математиката си го заборавил трошокот за смс. 10 мкд плус ддв не е за потценвување, така еден саат автоматски станува +55мкд
@darko156: tx, ete vekje izleguvaat nekoi dopolnitelni “simbolicni” trosoci…