Што е нација?
Ама не онака бубаторски од книга и со херметичниот јазик на науката и академиката.
Мојата логика на деконструкција и демистификација за оние кои тврдат дека тоа е јазик, религија, територија, обичаи, дрн-дрн, итн-итн, заокружени во држава, е следна:
(а) за нација не мора да имаш држава, на пример Курди, 20+ милиони луѓе, немаат држава, а сепак се нација. Значи не само народ, туку и нација, затоа што имаат „национална“ а не народна свест, како што и по учебниците вели „будење на националната свест“ пред народите да кренат некое востание и се изборат за држава.
(б) најсилната нација ever (САД) нема ни свој јазик, ни своја религија, ни своја вековна територија, ни свои автентични обичаи…И што ви кажува тоа за нацијата или за осмислувањето на нацијата кај другите?

Нација е споделено чувство за припадност кон одредена заедница. Заедницата може да се сплоти и вплоти околу јазик, вера, територија, идеологија и што ти сѐ не, но тоа се само средства на формализација на споменатото „чувство на припадност“. Сума сумарум, нација е психолошка категорија која потоа се надградува со правно/етно/социолошки средства.
Секој оној кој ќе се (на)фати за градење или реформирање на нацијата, мора да е свесен дека чувството за припадност е основна и незаменлива категорија која решава ќе ја биде ли вака или онака.
Знам дека малку звучи чудно, и неконвенционално, но тоа не значи автоматски дека и не држи

