Преку фото трудот на Новица (cudos bro) сознав за новата кампања на Владата под работно мото „Да бидеме подобри“ која секако ја поздравувам (уште од кога професорот Кирил Темков кумеше-молеше за воведување на предмет „Етика“ во образование), особено ако истата биде транспарентна на план на отчет колку пари се вложени, кој е ангажиран, и сѐ редум за да ние добронамерните граѓани бидеме сигурни дека не е некоја ала-Ламбе злоупотреба на јавни пари, не дај Боже. Но, да се вратам на темата.
Еве го паното, што ли е:

„Ш’о се тиче темава“, сѐ ок, ама горе малку она поднасловот, или наднасловот ми одвлече внимание: „Минатото е историја. Иднината е загатка, Сегашноста е подарок…“. Ух, не ми се верува, уште една кампања изгубена во преводот и смислата.
Првично, сентенцата е превод од оригиналната англиска: „Yesterday is history, tomorrow is a mystery, and today is a gift; thats why they call it the present“. Колку е убава на англиски (ем рима, ем ритам, ем извонредна порака), а колку е само лош преводот? Па ако е тешка за превод, кој ја одбрал? Цццц…Башка оваа извонредна мисла е скратена, се одзема нејзиниот најефектен (но и најнепреводлив дел, „затоа ја викаат и подарок“, која функционира само во англискиот каде хомонимот „present“ има двојно значење (1. сегашност, 2. подарок), па со право можеме да го употребиме овде оној класичен поклич од нашата кино-култура: „Уааа мајсторе, да ти се скрати!!!“.
Вторично, страшно ме интересира од каде ја презел авторот на кампањата оваа мисла? Многу многу важно прашање, верувајте ми, затоа што ќе ни отркие од кој интелектуален бекграунд е истиот, ако си зима за право да пропагира етика, нели?
Се работи за мисла на бившата прва дама на САД, Елеонор Рузвелт, од поодамна навлезена во американската идиоматика, уште од пред Втората светска војна. Можеби е земена од нејзините мемоари.
Но, глеј, истава мисла ја има и во цртаниот филм „Кунг Фу панда“, изречена од ликот на Желката во една од сцените. Па ако бирале цитати од Желката има и поарни, на пример оној „One meets his destiny often in the road he takes to avoid it.” Леле колку е добра за некои наши стратешки ситуации, ама на кого да му текне?

Е сега вистинското прашање е токму она од насловот: од каде е земен цитатот, нам како граѓанска јавност многу ни е важно, немате поим колку.
О да, заборавив, овде има работа и за Ленче Правозборче од МТВ1, Загадка е напишано погрешно, треба загатка :))) Сѐ убаво.

Знаеш дека реченицата “One meets his destiny often in the road he takes to avoid it” на два пати ја има и во филмот The International. Ќути арно не им текналo да цитираат нешто од плотовите на Том Тиквер :))))
Wow… kudos… од кај ли го знаеш потеклото на реченицата.
како одам така фрлам пари наоколу, фрли зад себе најди пред себе.
Зошто историјата се повторува? Токму затоа оти е напишана однапред
Наместо со милионите да се опраи националната ТВ, да се описменат неписмените новинари и водители, да се охрабри наобразбата, да се сосече криминалот, да се научат децата на некои морални вредности, а притоа да се научи што е морал, морал не е нешто што се мора самода знаете.
Пиги морално беше-шо да праам
@Новица: Скоро го Гледав Кунг Фу Панда, моментно ја препознав
@jas: Интересна мисла, секако е валидна, но под еден услов: ако си свесен дека ја повторуваш историјата, е тогаш би било точно дека таа е однапред напишана.