Archive for April, 2009


Ако некој има какви и да е дилеми, која е симболиката на „Бикот“ поставен неќни во центарот на Скопје , веднаш да ја расчистиме дилемата. Не се работи за копија на волот од Вол стрит, како што многумина „експерти“ испоанализисаа веднаш по поставувањето на Бикот. Се работи за уметничко „недело“ кое е комплементарно со оближната „Шмизла“ и кое треба на симболичен начин да ги претстави мажите, низ еден вид уметничка рефлексија на процесот „набивање рогови“, од страна на шмизлите на сметка на мужите.

И мислите случајно беа оние убавки кои први беа воодушевени од Бикот? Ма знаат тие итрите за што овде станува збор, типична намештаљка на сметка на мажите.

А мужите, око не им трепнуе, ни на статуата на Бикот кој ги исмева, ни на шмизлите кои им набиваат рогови, ма јок, ни да се реагира, ни да се крене глас, глас за машкото достоинство. Тука од процесот кој ги понижува мажите се создава некаква си уметност!?! Сега да направиш анкета дали Бикот има џамлии што мислите дека ќе добиете за одговор? Ма немаат појма, ете толку им е важно нивното машко достоинство проектирано и симболизирано преку статуата на Бикот. Да ама затоа рогови има, со извонредна сигурност, затоа што да немаше рогови сите ќе забележаа, нели?

Е мажи, мажи, кај отиде вашето достоинство? Мачо индексот по глава жител вртоглаво паѓа, а мерки за некаква помош во услови на рецесија на машкоста нема ни за лек. До кога Владата и граџанскиот сектор ќе стојат немо и немушто пред оваа криза? Зарем не се свесни дека ако продолжи овој тренд наскоро ќе се соочиме со невидена криза па веројатно ќе биде неизбежен интервентен кризен увоз на контигент мажи од ЕУ, САД или некоја друга поразвиена земја на овој план.

Од поодамна јасно ни е дека поделбите од типот на левица, десница, трета опција и слично се прилично формални и  непрецизни кога станува збор за наши домашни услови. Сѐ е тоа една квази-идеолошка манџа која загорена мора да ја кркаме без разлика кој и да ја меша.

Врв на оваа идеолошка перверзија беше веста која ја забележав преку викендот, која нека остане запишана под рубриката „Only in Macedonia“:

Унијата на жени на Социјалистичката партија на Македонија со петиција се вклучува во акцијата за враќање на веронауката во образованието. За само неколку часа над 1.000 Штипјани  го дадоа својот потпис на пунктот во центарот на градот. „ Се добро оди, се спроведува. Луѓето се заинтересирани и дури многу е важно што и младите се заинтересирани и сакаат да учат веронаука“ - вели Лепа Читкушева, претседател на Унијата на жени на Социјалистичката партија.

Воопшто не навлегувајќи во самата дебата (за или против веронаука во државното образование), која низ една демократско-институционална процедура и дебата, нека си врви како што треба во држава кандидатка за ЕУ. Муабетот овде е како една „левичарска“ „социјалистичка“ партија се преокупирала со таква идеолошка трансгресија да брка потписи за веронаука во образованието? Незамисливо за која било понормална средина, но во логиката на домашните коњуктури на држење власт, сѐ е можно. Call me what you want, важно сум на власт.

Сосема процедурално, време е и оние кои се занимаваат со вакви теми, целосно да ја напуштат оваа мртва метафора, па левица и десница да ја заменат со новата, актуелна и живеечка: предница и задница. Оној кој е на власт е предница и предничи, во секаква смисла, а задницата си добива по задникот. Тоа е приказната, па затоа и толкава фрка кој да добие позиција на позиција и предница, и да ја одбегне улогата на задницата.

Отако бизнисот со поделбите на народот, граѓанството, па и селанството, почна нагло да цути среде рецесија (каква ли коинциденција?!?), јас овака со истенчен „осечај“ за бисмис, веднаш насетив можност за брза заработувачка. Без да оддавам премногу, во насока на заштита на бисмис идејата, би шкрабнал само волку: планирам да стартнам нов бизнис кој заради состојбите на пазарот и потрошувачките навики одма ќе пркне од старт, па кој знае можеби ќе има шанси и да се отвори цел синџир на вакви услужни претставништва.

Се работи за отворање на малопродажни центри за етикетирање. Ако тргне бизнисот, може да се удри и на големо, па да се старта и еден кванташки, онака со роба на велико, но ќе видиме, здравје, сѐ зависи како ќе реагира пазарот. Во моментов пазарот изгледа прилично ненаситен за етикети од секаков тип. Увелико се бараат и интензивно трошат етикети, како за комшии, роднини, колеги, интелектуалци, професори, студенти, активисти, правници, а да не зборам за политички активни елементи.

Значи доаѓаш во мојот Центар за етикетирање, добар ден, добар ден, повелете, ве молам би сакал едно две етикети за мојот комшија кој фрла ѓубре од балкон и не плаќа за одржување на влезот. О да, секако, нема никаков проблем, повелете седнете. И тука даваш еден прашалник на заокружување, и странката пополнува прашалникот, фино лепо, викаш фала. Внесуваш податоци во компјутер, старташ „Etiquette Generator 2.1“ и оп-оп нудиш листа, странката си бира и си заминува повеќе од задоволна.

Па имаш разни можност, земеш три една гратис, разни пакети, етикети за странци, етикети за локална самоуправа, за бизнис класа, и така натаму.

Сега треба малку работа околу програмирањето и апдејтувањето на Etiquette Generator-от но со малку труд и користење на домашните ресурси и богатата база на податоци, ова не би  требало да биде проблем.

Ма бизнисов има така да цвета што нема да има потреба да се рекламира, генерално ќе се шири преку така наречениот „word of mouth“, напредна техника на бизнис промоција и експанзија.

Слоганот може да биде „Времето лета, што ќе ти е живот без етикета!“ (ТМ!);

Користејќи ги предностите на новиве медиуми, се одважив и им пишав на авторите на „South Park“.

Навистина, без зезање, онака најотворено, пишав фино-лепо, па што биде нека биде. Отако френдовски ги испоздравив и им посакав убав спринг брејк, ги информирав за нашиве маки со Грците. Горе-долу, во кратки црти им пишав за што станува збор, нагласувајќи ја бизарноста на овој спор, но и неговата еднострана штетност (врз наш грб, тоа што демек националната суета на Грците им била као повредена, не се брои). Им направив паралели како самиот бекграунд на спорот како да е идеја на некој нивен лик, од типот на Ренди Марш, каде реалното се измешало со бизарното, да веќе не можеш да ги одвоиш или распознаеш едно од друго.

Нимиц го објаснува спорот за името пред учениците од South Park Elementary

Мислам редно е да ја потпомогнеме нашата дипломатија и со индивидуални постапки и обиди колку толку да придонесеме да заврши оваа смешна епизода од нашава историја.

Да не мрчев толку често и многу против онлајн активизмот можеби ќе направев и една Фејсбук група или „cause“ барем, но ќе видиме, не е ни ова исклучено, ако  може како било да придонесе во остварување на идејата: спорот за името во една епизода на Саут парк!

Па драги мои сограѓани, можеме ли да си замислиме поголема дипломатска победа за Македонија од исмевање на грчките позиции во епизода од Саут парк? Ако треба нека нѐ поткачат и нас малце, ама сигурно ним ќе им се изнаситат, поинтересни им се они за исмевање, каде-каде. Башка Американците ни се стратешки партнери, мислам дека  можат вака индиректно малку да го турнат спорот да киниса кон решение. Па дали може да има посмешен саутпарк лик од оној „дописникон“ на Грците од Стејт департментот, џоа Картман е целиот, на кој сите портпароли што се сменија последниве неколку години му се смеаат кога ќе почне панично да довикува „Фајром, Фајром!!!“

Мислам дека идејава има шанси да се оствари, па ќе видиме, благовремено ќе бидете информисани за понатамошните случувања.

Што е турбо фолк?

Фала Богу, откако долго се шушкаше дека Рамбо Амадеус е автор на терминот „турбо фолк“, човекот си излезе во јавност и кажа како стојат работите. Денес дознав дека е достапна неговата „автобиографска“ „Турбо фолк“, па ја линкам овде. Неколку хајлајтси:

„Folk je narod, turbo je sistem ubrizavanja goriva pod pritiskom u cilindar motora sa unutrašnjim sagorevanjem…Turbo folk je gorenje naroda…svako pospešivanje tog gorenja je turbo folk

…razbuktavanje najnižih strasti kod homo sapiensa…Ja nisam izmislio turbo folk, ja sam mu dao ime…Alkohol je turbo folk, koka kola je turbo folk, nacionalizam je turbo folk, Adolf Hitler je turbo folk, pečenje na ražnju, porno šopovi, etno jazz, kriminalci, marlboro, kokain, silikoni su turbo folk…“

Ако вака се земе и во наши услови се примени оваа кларификација на д-р Амадеус, може да се каже дека и „Македонија е турбо фолк“ (copyrights by arangel) од проста причина што тековното внатрешно согорување на народот овде (што економско, што политичко, што наметнато од надвор, што самопоттикнато) достатно ги задоволува премисите на Рамбо Амадеус целава земја да се вброи во егземпларен турбо-фолк.

Та опака бољка хара и разједа привреѓавање, Америка веќ одреѓено време кубури с буџети...

Koгa Шојиќ визионерски ги упатуваше овие зборови, на кого тогаш, а и сега, ќе му текнеше дека рецесијата може да навлезе толку длабоко во општеството, дури до степен на дерегулација на швалерско-љубовџиските соодношенија. Неверојатна работа, читаш и не веруваш:

„Меѓу жртвите на светската економска криза се најдоа и љубовниците на богатите менаџери, објави британскиот весник „Дејли Телеграф“. Истражувањето на агенцијата „Принс едн Асошиејтс“ покажа дека 80 отсто од богаташите на различни начини ги укинале трошоците за т.н. друга жена. Според резултатите од истражувањето, речиси половина од менаџерите, брокерите и разни финансиски експерти се обидуваат да се ослободат од љубовниците. Како и луксузниот автомобил и љубовницата бара време и пари. Затоа, кога богаташот мора да штеди, љубовницата е меѓу првите нешта од кои треба да се одрече“, смета Џош Сперо, чија што агенција го спроведе истражувањето…“

Еве некои хајлајти и од изворнана вест:

‘When a man marries his mistress he creates a vacancy. In today’s economic climate, that “vacancy” looks increasingly likely to remain unfilled…”A few months ago I promised my mistress a breast enhancement and liposuction as a gift,” says one City worker. “Now I can only afford one or the other.”… “Fidelity now appears the vastly more attractive – and cheaper – option.

Колку и да се фрапантни овие информации, клучниот дел е следен:

„Во САД; земја во длабока рецесија, објавен е прирачник за прељубници, каде добиваат основни упатства за тоа како да преживеат во тешките времиња.“

Можеби е време од силикони да преминете на пластика?

Можеби е време од силикони да преминете на пластика?

А ние што праиме? Стоиме мадро и чекаме некој друг да ни напише водич. Дизастер! Е па браќа, веќе дојде време да се твори, не да се збори:

  • не користи хотели, мотели, време е за натура и натуризам.
  • заборави на Сваровски и слични хохштаплерски шопови, на Бит пазар имаш секаков накит во ценовен дијапазон по цени веќе од 150 денари!
  • за чевли и сродни наножници скокни до пазарчето во Шутка, цени веќе од 200 денари, вашата љубовница нема ни да забележи од каде се новите кондури кои ќе ѝ ги подарите, само заменете ги етикетите со некои обувки купени од порано.
  • време е да размислиш за рециклажа на презервативните средства, биди креативен!
  • батали вијагра, користи печурки, печурките содржат сератонин кој успешно ја надоместува  вијаграта и нејзиниот хемиско-физиолошки ефект.
  • ако си по фетиш секс, време е да се симнеш во својот подрум и да ги реактивираш фрлените моторџиски јакни од времето кога слушаше Дивље јагоде и мегахитот Мотори. Алтернативно, комбинезонот за варосување исто така ти претставува опција за фетиширање.

Сѐво, ова и уште многу повеќе, по неверојатна цена од само неколку евра во трафиките до вас, веќе од наредната недела! Што чекаш, побрзај, нарачајте го овој прирачник, и заштеде стотици евра!

Powered by WordPress and Motion by 85ideas.