Во текот на овие избори многу се муабетеа партиските автобуси. Тоа ти се оние моторно-превозни средства кои се користат за водење на екскурзија на партиското членство. Екскурзиите се од типот шетање низ цела Македонија и посеќаање на знаменитостите во нашава славна држава особено плоштадите. Партиските автобуси се уствари напунети со фанови на наши функционери и поглаици кои пак им се оддолжуваат со бесплатни екскурзии, кафиња и сендвичи. Некој неромантичен ќе каже „брак од интерес„, а јас викам, ма нека бркаат работа, нека се сакаат они, само нека се тргнат од јавни места, срамота деца ги гледаат како „се сакаат и љубат (француски) по плоштади“, стварно нема смисла, гет а рум.
Како и да е, друг ми беше муабетот. У ствари ние и не треба многу да се бунтуеме против партиски автобуси затоа што сите се возиме во нив, де со слободни, де со шверц, де со билети и картички, вакви или онакви, па мислам глупо е да мрчиш против нешто во што се наоџаш. Ако сакаш да мрчиш против партиски автобуси, излези од автобусот и мрчи, и пцуј ако треба. Вака некако седи во автобус, а мрчиш, малку е контрадикторно нели?
Значи во редовни изборни циклуси ние си бираме шофер, кондуктер, автобуска контрола и сите таму редум автобуски служби. И сега шоферот што ќе го избереме вика ајде деца качујте со во автобусот одиме во Европа. И ние сите као, јееее, јупиии, нов шофер, ваууу чоече, убаини. Е тоа е романтичниот дел, потоа следува суровата реалност на нашиот општествено-државен ЈСП. Прво што направил шоферот, сменил бојата на автобусот и рекламите на него (ова е у подем, у последно време, btw), си избрал помочна служба, заменици, смени и распореди и така натака. И ајмо мишко у европа!
Оди автобусот, се буташ до прозор да го гледаш патот кон подобра иднина, ентузијазам, пушташ музичето, све е секси, ептен. Но, шоферот е тука јунак на приказнава, што сега патниците нешо сакаат да бидат главни, ма дај. И сега шоферов, вози вози он, ама во исто време работи 24 у седам, онака мултитаскинг, прво става верски и антички обележја на шоферското место, тргиња тоа голите женски на претходниците, и праи гас-гас. Втор корак, „сладак а горак“, е правење на бизнис-класа среде автобус! Демек ова као у авион да сме, па летаме височко, ваууу. Значи одма имаш млaди талентовани (ретко некој со брада) онака напрчени у бизмис класа, се става една завеса, и ти после можеш само да се досечаш шо се деашаа у бизмис класата на бусоф. Се слушаат муабети дека таму се служат повкусни јадења (таму наводно се јаде бурек, дури и лејт најт, додека ние јадеме симит, и тоа симит без јогурт, оти јогурт нема, Швидмилк отиде јабана), фотељите одма се редизајнираат и обављаат за да благородните задници на престижните членови на бизмис класата не се врцкаат нешо од нелагодност (наспроти нашите дрвени столици, изгребани и исчкрткани со љубовни пораки), и згора на тоа имаш кај нив клима, а кај нас пенџериња ама не се отвараат, па одма тука аутоматски кога станува жешко, викаш „А бе мајсторе пушти клима, се задушивме!“, а овој го праќа потпаролон и он од зад завеса вика, „доста со галама таму, посебно тоа таму криминализираните комуњари!“. И ние сите онака уатааа, а бе се задушивме чоек, батали ти ваши комуњари и олигарси, пушти клима за раја да дише малку. Не бе, јок, диши на чкрги.
И добро ајде, дишеш на чкрги, се потиш, што да правиш, трпи македонче и другите заедници. Па после нареден чекор ти пушта Радио рос и BOM, не може тоа југохитовите, многу се пуштало комуњарски хитови, све тоа од Бијело дугме до Црвена јабука, тоа касетите све у смече. И сега ок, ај музика, нека свирка уатевер, ама па и тоа Гавазова 5 хита има да му се сневиди и после тоа па тоа (и многу реклами поmeџу хитовите). И тоа бе ти прави бонус нервоза, иста касета цело време, ајдеее. „Мајсторе, дај пушти нешто друго! - молиме ние -доста беше Сузана Гавазова, дај нешто смени!“ Искача портпароло вика „Доста бе богохулници едни, како не ви е срам, шо сакате Плави оркестар сеа, ај таму тишина!“. И сега гледаме ние си тераат инат со бившиве шофери и кондуктери, ама сите ние го јадеме, со сѐ нив, бреј бе керата. 
И така оди автобусов, никој више не знае каде, веќе нѐ стемни, дали е на автопат кон Брисел, или по некоја балканска странпутична вукојебина. И стигаме на некоја наплатна рампа, гледаме пред нас два аутобуси, едниот онака мислам на некој шаховски сојуз, а другиот некое еколошко друштво за заштита на двоглави орели. Оп-оп, поминаа и двата, и ние, јеее, ајде и ние…Ама цврц, се расправа шоферот со рампашиве, па му се придружуваат и кондуктерите, ма сапуница невидена, шо да ти распраам. Ај што се налутија шо се испокараа со нашиов шофер, па ни влегоа у автобус, па гледаат пасоши (да ги смениме, ни рекоа), па прашуе што имаш по џебови, вади тоа багажот (од минатото), лелеј, тортура невиџена. Лонг-стори-шорт, ни рекоа назад, мора да смениме таблици, нови пасоши, тоа да се префарба бусот, све бе. Гледаме ние рампашиве буљаши и клошари, ама ние сите глеаме накај шофероф, што направи чоече, па шо се расправаш, може ќе нѐ пуштеа. И ајде назад, заобиколница ќе бараме.
И сега како попивме рампа, шоферов смислил да нѐ опушти малку, па решил да нѐ вози низ забавен парк. Тоа нешто као Дизниленд, тур-бус, седиш и гледаш. Па влагаме у забавниот парк, па тоа славни фигури од минатото, па тоа Action figures, Back to the Future, Брзата птица итрица, Томи Џери, а мислам дека го видов и мачолот? Ма све све, сасо манге, ама гледаме цел ден утепафме у забавен парк! Мајсторе ајде вози накај Брисел, вика рајава, шо чекаме, а мајсторов налутен шо не се забављаме, нешто промрчи, мења брзина и вози. Ама пак нѐ стемни и врска немаме каде сме, мајсторов вози под гас, а ние отпозади полека мајсторе, не возиш бре компири. ма не бе, не слуша он, си вози око ме ну трепнуе, он си ја слуша бизнис класата и неговиот фан клаб и тоа е, па ти сега види што си и со кого си.
Сега автобусов нешто као вози, каде, што, врска неаме, портпаролон вика на добар пат сме биле, и оди сега верувај му, ама најголем проблем е што шоферов вози 24/7, нит дозволува некој малку да го смени, да одмори, не, не, ништо од тоа.
И ние сите разочарани, нема демократија Калимеро, едно правиш муабет со шофериве пред да се качиш у автобус, едно се договараш, ама кога ќе се качиш, друга песна, нити шоферот слуша, нити некој те прашува што, како, каде, ма јок. Си има он своја мапа, и тера автобусот кај си посака. А не е тоа така, еве поевропскиве автобуси бираш шофер, ама шофериве имаат слух и разбирање за патниците и тоа цело време дур се возат, па ќе им обезбеди удобност, па ќе смени музика, ќе пушти клима, ќе застане кога треба да излезеш у тоалет. Кај нас не бе брат, турско поминало, пусто останало.

A DA POCNES DA PISUVAS PROZA BATKA,MOZE KE TE BIDE…….VAKA TESKO…….
^^Epa ova e proza. Ako mislis na poezija toa e drugo hahaha
Super si druze, ama mnogu ti se dolgi postovive
Kopmenziram, kompenziram. :))) Fala ti za sledenjeto, priznavam dolgo ispadna, neplanrano, ke vodam smetka
Pozz.