Archive for March, 2009


Во ова време отворено за „креативни“ идеи од областа на уметноста и поп-културата, и јас, умен на мама, се досетив дека едно нешто, особено значајно за локалниот културен еко-систем, ни недостасува. Помен, биста, скулптура за полтронот. Што и да е, само да се одбележи незнајниот јунак на нашата транзиција. Е тогаш ќе кажам браво и ќе почнам да размислувам дека уметноста има каква-таква врска со реалноста и со нас народот.

Можеби некој мисли дека шмизла, дрво, мачка и слично се доволни, но јас не. Па каде е тука правдата? Зар има повеќе шмизли од полтрони? Ма нема шанси. Ако има правдина овие пропусти ќе се увидат и веднаш ќе се најде и место и начин за да се оддаде признание барем на еден симболичен, незнаен полтрон.

Ако се развие сепак доволно разбирање, па се најдат пари и подготвени уметници, можат да се наредат барем неколку: полтронот новинар, полтронот партиски војник, полтронот од администрација, и така редум, а редот е долг, ухуу, Партизанска не му е рамна.

Во текот на овие избори многу се муабетеа партиските автобуси. Тоа ти се оние моторно-превозни средства кои се користат за водење на екскурзија на партиското членство. Екскурзиите се од типот шетање низ цела Македонија и посеќаање на знаменитостите во нашава славна држава особено плоштадите. Партиските автобуси се уствари напунети со фанови на наши функционери и поглаици кои пак им се оддолжуваат со бесплатни екскурзии, кафиња и сендвичи. Некој неромантичен ќе каже „брак од интерес„, а јас викам, ма нека бркаат работа, нека се сакаат они, само нека се тргнат од јавни места, срамота деца ги гледаат како „се сакаат и љубат (француски) по плоштади“, стварно нема смисла, гет а рум.

Како и да е, друг ми беше муабетот. У ствари ние и не треба многу да се бунтуеме против партиски автобуси затоа што сите се возиме во нив, де со слободни, де со шверц, де со билети и картички, вакви или онакви, па мислам глупо е да мрчиш против нешто во што се наоџаш. Ако сакаш да мрчиш против партиски автобуси, излези од автобусот и мрчи, и пцуј ако треба. Вака некако седи во автобус, а мрчиш, малку е контрадикторно нели?

Значи во редовни изборни циклуси ние си бираме шофер, кондуктер, автобуска контрола и сите таму редум автобуски служби. И сега шоферот што ќе го избереме вика ајде деца качујте со во автобусот одиме во Европа. И ние сите као, јееее, јупиии, нов шофер, ваууу чоече, убаини. Е тоа е романтичниот дел, потоа следува суровата реалност на нашиот општествено-државен ЈСП. Прво што направил шоферот, сменил бојата на автобусот и рекламите на него (ова е у подем, у последно време, btw), си избрал помочна служба, заменици, смени и распореди и така натака. И ајмо мишко у европа!

Оди автобусот, се буташ до прозор да го гледаш патот кон подобра иднина, ентузијазам, пушташ музичето, све  е секси, ептен. Но, шоферот е тука јунак на приказнава, што сега патниците нешо сакаат да бидат главни, ма дај. И сега шоферов, вози вози он, ама во исто време работи 24 у седам, онака мултитаскинг, прво става верски и антички обележја на шоферското место, тргиња тоа голите женски на претходниците, и праи гас-гас. Втор корак, „сладак а горак“, е правење на бизнис-класа среде автобус! Демек ова као у авион да сме, па летаме височко, ваууу. Значи одма имаш млaди талентовани (ретко некој со брада) онака напрчени у бизмис класа, се става една завеса, и ти после можеш само да се досечаш шо се деашаа у бизмис класата на бусоф. Се слушаат муабети дека таму се служат повкусни јадења (таму наводно се јаде бурек, дури и лејт најт, додека ние јадеме симит, и тоа симит без јогурт, оти јогурт нема, Швидмилк отиде јабана), фотељите одма се редизајнираат и обављаат за да благородните задници на престижните членови на бизмис класата не се врцкаат нешо од нелагодност (наспроти нашите дрвени столици, изгребани и исчкрткани со љубовни пораки), и згора на тоа имаш кај нив клима, а кај нас пенџериња ама не се отвараат, па одма тука аутоматски кога станува жешко, викаш „А бе мајсторе пушти клима, се задушивме!“, а овој го праќа потпаролон и он од зад завеса вика, „доста со галама таму, посебно тоа таму криминализираните комуњари!“. И ние сите онака уатааа, а бе се задушивме чоек, батали ти ваши комуњари и олигарси, пушти клима за раја да дише малку. Не бе, јок, диши на чкрги.

И добро ајде, дишеш на чкрги, се потиш, што да правиш, трпи македонче и другите заедници. Па после нареден чекор ти пушта Радио рос и BOM, не може тоа југохитовите, многу се пуштало комуњарски хитови, све тоа од Бијело дугме до Црвена јабука, тоа касетите све у смече. И сега ок, ај музика, нека свирка уатевер, ама па и тоа Гавазова 5 хита има да му се сневиди и после тоа па тоа (и многу реклами поmeџу хитовите). И тоа бе ти прави бонус нервоза, иста касета цело време, ајдеее. „Мајсторе, дај пушти нешто друго! - молиме ние -доста беше Сузана Гавазова, дај нешто смени!“ Искача портпароло вика „Доста бе богохулници едни, како не ви е срам, шо сакате Плави оркестар сеа, ај таму тишина!“. И сега гледаме ние си тераат инат со бившиве шофери и кондуктери, ама сите ние го јадеме, со сѐ нив, бреј бе керата. 

И така оди автобусов, никој више не знае каде, веќе нѐ стемни, дали е на автопат кон Брисел, или по некоја балканска странпутична вукојебина. И стигаме на некоја наплатна рампа, гледаме пред нас два аутобуси, едниот онака мислам на некој шаховски сојуз, а другиот некое еколошко друштво за заштита на двоглави орели. Оп-оп, поминаа и двата, и ние, јеее, ајде и ние…Ама цврц, се расправа шоферот со рампашиве, па му се придружуваат и кондуктерите, ма сапуница невидена, шо да ти распраам. Ај што се налутија шо се испокараа со нашиов шофер, па ни влегоа у автобус, па гледаат пасоши (да ги смениме, ни рекоа), па прашуе што имаш по џебови, вади тоа багажот (од минатото), лелеј, тортура невиџена. Лонг-стори-шорт, ни рекоа назад, мора да смениме таблици, нови пасоши, тоа да се префарба бусот, све бе. Гледаме ние рампашиве буљаши и клошари, ама ние сите глеаме накај шофероф, што направи чоече, па шо се расправаш, може ќе нѐ пуштеа. И ајде назад, заобиколница ќе бараме.

И сега како попивме рампа, шоферов смислил да нѐ опушти малку, па решил да нѐ вози низ забавен парк. Тоа нешто као Дизниленд, тур-бус, седиш и гледаш. Па влагаме у забавниот парк, па тоа славни фигури од минатото, па тоа Action figures, Back to the Future, Брзата птица итрица, Томи Џери, а мислам дека го видов и мачолот? Ма све све, сасо манге, ама гледаме цел ден утепафме у забавен парк! Мајсторе ајде вози накај Брисел, вика рајава, шо чекаме, а мајсторов налутен шо не се забављаме, нешто промрчи, мења брзина и вози. Ама пак нѐ стемни и врска немаме каде сме, мајсторов вози под гас, а ние отпозади полека мајсторе, не возиш бре компири. ма не бе, не слуша он, си вози око ме ну трепнуе, он си ја слуша бизнис класата и неговиот фан клаб и тоа е, па ти сега види што си и со кого си.

Сега автобусов нешто као вози, каде, што, врска неаме, портпаролон вика на добар пат сме биле, и оди сега верувај му, ама најголем проблем е што шоферов вози 24/7, нит дозволува некој малку да го смени, да одмори, не, не, ништо од тоа.

И ние сите разочарани, нема демократија Калимеро, едно правиш муабет со шофериве пред да се качиш у автобус, едно се договараш, ама кога ќе се качиш, друга песна, нити шоферот слуша, нити некој те прашува што, како, каде, ма јок. Си има он своја мапа, и  тера автобусот кај си посака. А не е тоа така, еве поевропскиве автобуси бираш шофер, ама шофериве имаат слух и разбирање за патниците и тоа цело време дур се возат, па ќе им обезбеди удобност, па ќе смени музика, ќе пушти клима, ќе застане кога треба да излезеш у тоалет. Кај нас не бе брат, турско поминало, пусто останало.

Едно од најмистериозните прашања од мојата рана едукација беше зошто немало претставници на македонските партизани и на КПМ на АВНОЈ-ското заседание во Јајце. Учителката ни кажа дека, цитирам, „не можеле да стигнат заради големиот снег“. Шооооо? Каква глупост! Па до кога ќе нѐ лажат „историчариве“?

Прво, ако имало таков и толкав снег, како Словенците стигнале, кои се отприлика на исто растојание, но со многу посурови релјефно-метеоролошки услови? Како змајчеците можеле, а ние не сме можеле? Камон. Плус Аце-МК успеал да стигне до Индии и Пакистани, а ние не сме можеле да стигнеме до едно Јајце, каков резил за Македонија. И сега, не дека не било битно да се биде таму, au contre, па држави се правеле таму, граници се кроеле. Може ќе сме ќареле нешто бонус ако испевме едно кафе со Тито да му се сневиди. А ние не бе, снег седи дома. Бре, какви историски пропусти.

Е сега заинтригисан од овие децениски мистерии, си купив книги, го сурфав интернетот, чепкав низ МАНУ библиотеката долга низа години и ништо. На пример имаш во „Историја на македонскиот народ“ пишувана од еден од главните фаци кои учествувале во тија настани (Михаило Апостолски, заб. ав. :) )  стои „македонската делегација била оневозможена да присуствува“. Значи има нешто што се крие, има нешто што не се кажува. Па на пример да пишел човекот, тргнал Јанко (не од бурек), Петко, Миленко (не од лејтнајт) и слично, па заглавиле кај Кула, океј, поштуем инфомрација, ама овде ништо, ни кој требало, ни кој сакал, ни каде заглавиле, дали уопште тргнале? Ништо.

Моја претпоставка е дека се работи за некои банални причини, кои, како што и тоа денес се случува, предизвикале делегацијава да го батали патот до вториот АВНОЈ. Веројатно се искарале кој каде да седи на санка, дали да си ги носат партизанките или не, кој каде и во која штала да спие во Јајце, дали на Тито да му носат подарок волнени чорапи или јамболија, нешто такво било  гарант.

Едно ме чуди, како Тито им простил што не дошле на неговиот мега-парти во Јајце? Веројатно тука сме морале да се вадиме со вилите покрај Охрид, иначе тешко нам.

За сите оние скептици кои мислат дека денес не е можно човек да ги собере, организира и поттикне луѓето на револуција, мислам дека некои факти треба да се изнесат у онлајн јавноста и да се предочи колку тоа нема врска. Вистина е дека подготвеноста на модерниот човек да се бори за некои работи, да излезе на улица и се активира е мошне намалена, но рецепти за тоа како се прави револуција сѐ уште има. Мора само да му го погодиш нервот на човекот, за да истиот стане и каже, „е па веќе не трпам, станувам, искачам на улица и се борам“. 

Секоја средина има свои нервни специфики, па низ призма на тие специфики и се прави револуција. На нашиов народ можеш многу нешта да му одземеш, да му наметнеш, да го потцениш и предизвикаш, и пак да си остане непогоден у нервот. Ќе влезе во мрч-фаза, ќе мрчи, ќе критикува, и ќе испцуе ако треба, но нема да премине во писдоф фаза, нужна и неопходна за секаква револуција. Значи, ако го погодиш она најелементарното за општественото функционирање си завршил работа за местење револуција.

Рецептот кај нас е едноставен, одземи им го кафето на луѓето и веднаш си завршил огромна работа. Незадоволството кое ќе се изгенерира заради кафе-депривација е неверојатно моќно! Самото кафе е онака есенцијална состојка која го ублажува бесот кај народот од негативната реалност околу него, пред сѐ преку вобичаените ритуали (кафе-муабет, кафе-дружење…). Значи ако им го одземеш кафето, имаш двоен revolucion-ефект, оневозможуваш ритуали за смирување, плус предизвикуваш директна иритација од самото непиење кафе. Ете ти рецепт за прелевање на чашата, плејн енд симпл.

Сега како тоа да се направи е друго прашање од логистичко-оперативна природа. Дали ќе ги откупиш сите количества на кафето од големите дистрибутери, и ќе сочекаш да се потроши истото во малопродажба, или пак ќе поткупиш цариници да ги блокираат кафе-камионите на граница, дали ќе напрајш договор со комѓиите душмани, или ќе направиш дил со супермаркетите, тоа сѐ е прашање на тактика, но останува фактот одземи му го кафето на народот и ќе видиш што е Француска револуција ол-овер-агејн.

ZОО Politikon

Насловот горе не е печатна грешка, а „н“-то не фали оти сум го изел :) Сега бидејќи во латинскиот немало поим за „зоолошка градина“, јас ќе си претпоставам дека ZOO е од ист граматички род како и „животно“, па конгруирачки ќе му одговара придавката „politikon“ и ќе ја пренесе пораката дека нашава политичка сцена е една зоолошка градина. Како што сите борбени единици беа и ни се накакви си ѕверови (Тигри, Лавови, Шкорпиони, Волци…), така и оние кои политички ги раководат се прикриен, но интегрален дел од истата зоолошка градина.

Нејсе, муабетот е дека ние како средина можеме да ја потврдиме оваа античка максима дека човекот е политичко животно, со посебен акцент на „животно“, кое во оваа синтагма малку повеќе натежнува и го дебалансира овој поим на Аристотел. Значи не е тоа само ишју на именување, туку на владеење на животински закони во сферата на локал-политиката.

Па така, со светот на политиката, особено локално-регионалнава, владеат дискавери правила на однесување. Секој на секого му е ѕвер, а милост и толеранција нема. Во нашиве општествени текови често се случува да се дебатираат, промовираат, пропагираат идеите за секакви толеранции од етничка, расна, преку верска, сѐ до сексуална и родова. Неретко политичарите се токму најактивните да повикуваат и да делат лекции колку е важна етничката толернација, колку е верската толеранција суштествена за едно мултиетничко и мултиконфесионално оштество, и так редум. Ох, колку дволично, од устата на оние кои треба да се погрижат за нешто подеднакво есенцијално како и другите толеранции, а тоа е политичката толеранција. Да не испадне ова некаква формално-апстрактна критика, само да спомнам дека под елементарна политичка толернација се подразбира да не го мразиш или шиканираш оној кој размислува и дејствуа политички различно, плус отвореност кон прифачање критик и идеи од политички различните.

Ете кај нас политичка толернација нема,  а што е најжално никој не го спомнува тоа како неопходно нешто за општество кео сака да биде правно и праведно. Така, нашата политичка сцена сѐ повеќе наликуваа на Орвеловата „Животинска фарма“ во која сите наводно се еднакви, но некои се поеднакви од другите, па што и да посакаат, тоа им е дозволено, токму по анималистички закони на кои не треба да се опираш затоа што „отпорот е бесполезен“.

Значи денес уште еднаш се уверивме дека кај нас ништо не функционира! Ни тела, ни министерства, ни служби, ма ништо! Кај е сега тука Центар за справување со кризи, да информира, да предупреди, кај е тука минстерство ова-она,  кај е Агенција, регулаторни и регулациски тела? Ништо, ништо!

Како што сабајлево дознавме по прогонот на српските гатачи, организиран бран бегалци се упатил на сите страни од поранешните југословенски простори, па откако Видовити Милан го трасираше бегалскиот пат, кон БиХ, и други организирани конволји се упатија на сите страни. Се очекува тие со се своите семејства да се најдат на нашите гранични премини во текот на деновите кои претстојат и да побараат шанса за преживување на наша територија.

Пак главен виновник е еден Караџиќ, кој ни перде срам да не покаже, па дури и се фали како ги набркал гатачиве кон соседните земји, па они нека му ја мислат:

Заменик претседателот на РРА (Регулаторно радиодифузна агенција) Горан Караџиќ објаснува дека се добиени поплаки од хрватските медиуми дека гатачите и астролозите од Србија ги окупирале нивните ТВ и радио-станици. Тој истакнува дека акцијата на РРА во Србија била успешна бидејќи речиси сите телевизии го послушале барањето и ги симнале емисиите од своите програми.

Не дека ние не сме човечни, сме и те како, но кај да ги збереме бегалциве? Ние за нас леб немаме да јадеме, а камоли сега за други лица, среде глобална рецесија, од кај и да се, какви и да се.

Башка Сабина кога ќе слушне за ова ќе се скандализира, и отиде и таа корка леб што ја вадеше овде, душичка. Јас најмногу стравувам да не ни удри некоја клетва, и така сме за никаде, па уште едно такво недело сосем би не уништило!

Значи апел до инситуциите, да баталат кампањи, избори, втори кругови, прегласувања и слични тривијалности, и да се посветат на контрола и оневозможување на влезот на овие бегалци, на таа чума од гатачи -питачи, д ане ни отиде државичево у бестрага. Ведџнаш да се повука ООН и УНХЦР па они нека му ја мислат што да прават со нив, ете така.

Powered by WordPress and Motion by 85ideas.