Доаѓање дома, бап, домашни алишта џап, мување во реонот на фрижидерот, шуш-муш, тетрапак чоко млеко циц, телефони дрн-дрн, муабети тралала, бла-бла, грицки-мицки гриц-гриц, ај под туш, нац! Нема струја! И се’а ш’о?!?

Имаш се’а две сценарија во оваа ситуација „The Waiting Game“ или пак „The Crying Game“. Повлијаен од сограџанството со Мајка Тереза, се одлучувам за првоно. Ќе чакам ја да дојде со бујна страст…

Чакам ли ја чакам, а струјата итрица, не доваџа туку-так’…Хммм, што ли би направил Аце-МК во ваква ситуација? Аце би станал и ја освоил, си викам, не туку ќе ја праша он струјата дали сака…Одење-зимање, трес-трес, струја дома ѕинг-ѕинг…Да, но јас не сум Аце-МК, да живеев во тоа време веројатно само ќе му го седлав Буки, их, и тоа со миљон врски, а кај Аристотел немаше да дипломирам ни со мито полн амбар жито.

Па на кого ли да се потпрам во овие саденли средновековни времиња? О темпора, о ЕВН! Се потсетувам на Црни Бомбардер филмон, па ме обзема страв да не ме изеде и мене некој Демократски мрак? Хммм, не е наивно ова.

Гласои по ходникот шуш-шуш, комшии џева дрн-дрн, пцовки мајку-шајку, врати тропање трас-трас!

Оф леле, викам јас, зар вака ли у земја што испуњава критериуми за НАТО? Реминисценции, инспирации, Кочо  Солев Рацин, свеќа, читање, то! Фиоки претресуење, динг-динг, палење свеќа крес-крес, џоа светло јес!

И си мислам, тинк-тинк, какво понижуење, бреј-бреј. Граѓанин на светот, 21-ви век, цврц!

Комшија врата куц-куц (зврц-зврц, јок-јок), клуч-врата, шкрип-шкрип, здрао-здрао! Муабет пена уста, држ-држ, информација комшии влез број три, неплаќачи лом-лом, исклучуење колектифка! Ја одма јааанасана, аман-заман, праење се’а ш’о? Метода нацизам, една неплатена сметка, казна на сто претплатника! Малеее! Аустриска чизма бреееј.

Вртење по дома нервози, студои грч-грч, гладои стомак крч-крч..пулење редовно платени сметки, пу јаз’к!

И мислење, тинк-тинк, идеја инспирација кој-шо, никој друг туку Робин Худ!

О фортуна! Да се одметнам у планиње, па зимање струја од далноводи и пуштање на обесправено граџанство! Тоа е тоа! Шервуд криење мењање со маткање по Матка, трескање низ Треска, шуткање низ Шутка. Нема друг иљач, зимање од богатите струјо-крати и давање на сиромашните струјо-пати! Тоа е решение, ами како, тоа е во духот на Јустиција, тоа е правда без судови и полиција!

Кога одеднаш телефон ало-ало, мајка вика стани мало, болеро цела вечер греј-греј! Еурека ентузијазам еуфорија невидена! Вакво откритие на топла вода светов не доживеал, не само што ќе се бањам во темница, туку и ќе свиркам хитчиња од AC/DC, a кога ќе ми вратат струјата има да доживеам електрични оргазам, жими Тесла.