Мора да се извинам сам на себе си што си го инструментализирам блогов за лични работи, па затоа ќе се обидам да бидам чесен до крај: ако те интересира состојбата со телекомуникациските услуги во Македонија повели продолжи со читање на овој пост, ако не те интересира или пак не те засега, повели погледај ги најновите информации за изборот бикини на годината.
Долго време си молчев „врска“ тортурите на телекомуникациските провајдери во Макеоднија, практикувајќи еден вид Гандизам, мислејќи дека сум некој вид омашка во нивниве супер секси комуникациски системи, но читам денес прилог во „Утрински’ под наслов „Кејблтел им ги кине нервите на корисниците“, и силните реакции на моите сограѓани, па реков да дадам свое сведоштво на оваа тема. Главниот квартет го чинат Телеком, Он нет, Телекабел и Кејблтел, гледано барем од оваа скопскава корисничка перспектива.
За Телеком ич не сакам да трошам зборови, напишав еден пост (Телекома), и толку за оваа деценија, за мене тие се на онаа страна на разумот и честа. Арам да им е „бизнисот“. Земи изгуглај Телеком, па ако во првите илјада линка најдеш нешто позитивно го принтам истото и плаќам билборд на плоштад.
На второ место секси инвеститорoт од Бугарија со американцки капитал, Кејблтел. Да не тупам многу, и трошам зборови, па ако една слика вреди 1000 зброви, тогаш запази слика со „квалитетот“ кој јас го добивам на својот домашен ТВ. Цената за аналогна ТВ е најскапа во државата (450 ден), дигитална не ти даваат дур не соберат доволно профит да ги донесат „машините“ (а кабли веќе ставиле), а интернетот е полош и од самата кабловачка (ако ти снема интернет после 5 саат попладне, а се дешава редовито, на неделна основа би рекол, чекаш до утре во 11-12, конекцијата преку ден ти е некои 600-700 КБ/С, и сл).
- Чекор напред? Ај донт стинксо
Он нет ти се приказна за себе. Пред истекување на договор со нив за бежичниот АДСЛ им приложив барање за префрлање на брз интернет преку телефонска линија (која ја немав, па си зедов број од Телеком за да можам да ја побарам „услугава“). Тоа беше 7.10.2008 (и со букви: седми октомври две илјади и осма) и до ден денес ништо. Во меѓувреме многу нервози по телефон и по нивните салони, брдо празни зборови, и слични театри. Во меѓувреме ми јавија дека барањето ми е одбиено од Телеком заради „погрешни податоци“, иако кога поднесуваш барање само даваш лична карта, а они ја пополнуваат папирологијата до Телеком (за префрлањето), па можеш да си замислиш која интелектуала работи кај нив. Па сега почитуваните ќе го препрателе истото барање, а ти чекај милост од двете страни. Кога побарав да прекинат со безжичниот (тоа сфатив подоцна и предоцна), рутински наместо вистинскиот документ за прекин на услугите, ти поттураат за потпис некаков си „приговор“ (наместо анекс) и после ќе ти кажат „господине ви истече рокот, 30 дена пред завршување на договорот, за барање прекин на услугата, таа ви е автоматски продолжена на една година“. Да, викам јас, фино, благодарам, адаптерот од струја и чао џаци, сметки плаќање со сила јок. Сума сумарум, поента на „играва“, 2 сметки месечно, под дифолт 50 јеврича, па ти оди со сѐ Јернеј барај правда по нивните салони.
Ете тоа е од мојава скромна перспектива нашата, земја на информатичари и првата земја покриена со бежичен интернет.
пс: Телекабел не ги заборавив, просто не можам да ги користам, иако и таму, според коментарите на истата статија од Утрински не е нешто велелепно.

добар избор на бикини, посебно втор ред втора фотка.
@ribaro: :))))))))))))))))
1. Јас имам неограничени телефон и интернет од Телеком за 2.500 ден месечно. Се’ си работи како што треба. Кабелска ми е платена за една година однапред, што значи наесен ќе размислам дали да ја продолжам или да си го проширам пакетот во 3play (плус дигитална телевизија).
2. Офтопик, ќе ви препорачам да го смените фидот да покажува директно на соодветниот пост, наместо како што е сега, до FeedBurner. Проблемот е што од некоја причина кликнувањето на насловот од постот ме носи на некој сајт worldgreenpeace.cn, кој Firefox го пријавува како малициозен.
GoodBytes: Fala za sovetot, vednaga ke iskomunicirame ova so “tehnickiot”