И гледаш што се случува другарке кога ќе го оставиш Ивица без Марица? Почнува да креира и да твори, да работи 34 кроз 7, се заборава во својот креативен занос, како Микеланџело со Систинската капела, праел, праел, работел, работел, па тоа не дека напраил, растурал малиот. Ццццц…само што ние сме глупави, затупени и назадни, па не можеме до крај да ја разбереме неговата „надљудскост“, не го осечаме благодетот кој тој ни го овозможил. Срам да ви е на сите, сосе мене, непочитание невидено.

Па и шефот си го изненадил, уууу, аферим, аферим, ама јаваш-јаваш јавај, му вика он чеснонамерно, немој да ми ги засрамуеш другиве бегои и бегоици, нема смисла.

И го знаев ја Ивица уште од времето кога им се потсмеваше на своите контра-опоненти со Вуковата „читај ко што пишеш“-методика на приопштуење на француските шансони (Пароле, пароле...), ама ова просто цунамистички ме разнесе.

И му аплицира, овај реплицира, Ивица Вундеркиндовски, со инстантно легендарната сентенца, која безбели мора да се најде во сите идни учебници, па да стои рамо до рамо со оние на Цепенков, Мисирков, Дамета, Питута, Филипа Вторега и сите историски заслужници од ова поднебје:„Единствен начин на којшто може да се води битката е да бидеме чекор напред пред сите, и пријатели, и злобници“. Генијално, легендарно…грев е да се каже нешто по ова, сериозно.

И сега ваквава медиумски посредувана епифанија толку ме шокираше до темелите на мојот едукативен „одгој“ што просто се збунаф, се збунаф онака к’о плавуша на писмен тест за возачки. Жими мајка, не претеравам.

Од една страна го имаш Гоцета (Јас светот го разбирам како поле за културен натпревар ), а од друга Боцета (Единствен начин на којшто може да се води битката е да бидеме чекор напред пред сите, и пријатели, и злобници). Гоце ти вика играј културно, Боце ти вика ма растурај све, и пријатељи и непријатељи…Кон кого да се свртиш, кого да послушаш? МАНУ ве молам јавете се!

Е Милчо, Милчо, гледаш што направи, прв поборник на твоите дорски спотови испадна никој друг до Боце, ај нека за арно е.

Имаат среќа Баросо и Солана што надојдоја новогодишниве празници, па Боце троа од троа паузирал „иначе“ ќе мораше ЕУ да се интегрира во Македoнија, а не обратно.