Ако се мислевте што беше поентата на немногудамнешнана кампања за кирилица и нејзина промоција, одговорите стигнаа со Дедо Мраз. Тоа да ти било заговор на телекомуникациските провајдери за цедење на домашните корисници преку нивните СМС пораки!
Да, да, вистина, вистина...
„Трите мобилни оператори во своите понуди гордо истакнуват дека преку мобилните телефони може да се пишува и на македонски јазик со кирилско писмо. A, премолчија дека СМС-пораката напишана со 160 македонски печатни букви се наплаќа како за две, а понекогаш и како за три пораки напишани на латиницa.“
Колку да биде размерот на заговорот поголем, за тоа успеаја да изврбуваат (или изманипулураат?) и еден Влатко Стефановски (уште едно разочарение покрај Милчовски) да нѐ манипулираат и да ги експлоатираат нашите добронамерни патриотски филинзи. Страмота бреј!!! До кога, до кога се прашувам!
Големата слика на неверендинг заговорите е дека сега треба да се разочараме во сите, вклучително и во големите синови на оваа нација и да си побараме надеж за спас во некој нов спасител, во некој Пастир можеби?
Следува преводот на стиховите од рекламната нумера за оваа кампања, кога истата ја слушате од позади нанапред:
Еве острам фактури, барам финти за кампањи,
печатни, ракописни, кирилични,
триесет и еден денар, весело пеат во хор на жица,
и секој денар за една буква,
од нашата азбука, кирилииица…
Реф: Читатајте, пишувајте, во секоја прилика,
двојни сметки плаќајте, кирилица, кирилица…
да ја сочуваме компанијата од секоја неприлика,
со кирилица, кирилица…
Ебиги иефџи, шо ќе ти се странски азбуки,
најважно од сѐ е, АБВГДЃЖЕ…
да не ги заборавиме,
нашиот јазик е економски, нашето писмо е профитско,
во аманет ни е оставено, пред многу векови, за многу векови.
Реф: Читатајте, пишувајте, во секоја прилика…
пс: Иако поракава е со висока саркастичност и пародичност, не се исклучени некои сосем реални идни рефлексии во нашиве насушни живеачки (TM)


Истиот оној Влатко Стефановски што пред неколку години изјави на ТВ дека нема што да искритикува во врска со работата на Министерството за култура бидејќи од зависи дали ќе добива плави картони за здравствено?
пробај на twitter три четири збора не можеш да склепаш на кирилица, од одма ти се трошат буквите иако има кирилична поддршка ,на пример за зборот “здраво„ се потребни повеќе знаци кои компјутерот ги гледа вака “xn--80aeel2bj“па пресметувај
@hemicarot: поштуем аргументација, нема збор…муабетот е малку да кажеа за ова дека се трошит екстра…тоа е критиката.