Леле бе луџе, зошто ќутите? Аман, до кога вака? Не ни знаев до денес дека речиси на самиот плоштад ни се има инфилтрирано „Peruvian Flute Band“! Ова ми се случи на маргините на моето лобирање кај децата на плоштад во врска со оној багабонт-бенд од Дедо мразовци. Има ли некој информации од кога? Денес поминав и кога ги видов се стаписав. Анбиливибол! И сите нешто ќутат?!? Демек револуција во Грција, демек НАТО, демек природни катастрофи? А ваков потенцијален дизастер ни се рокнал пред врата!
Бендот под итно да се стави во апсаана, спектакуларно апсење пред камери пред сите можни телевизии, печатени медиуми + Кирилица и Нептрес, побашка. Сакам да ја видам нашата полиција навремено да реагира и да се погрижи за мирот и безбедноста во државата, е така. Каков Хисен Џемаили, каков Бродец, какви тензии во Прешево, каков шверц со мигранти и бело робје, ова мора да се регулира под итно, за да можеме на мира и на раат да спиеме барем за празнициве.
Автентични слики од македонскиот „sleeper cell“
Се разбира причините за ова се повеќе од познати. Чисто „реда ради“ ќе ставам линкови, инаку срамота е да не се знае каква опасност ни бдее и демнее од страна на овие софистицирани пара-терористи на денешницава.
Како што беше убаво објаснето во епизодата „Pan Flute Epidemic“ од дванаесеттата сезона на South park, ваков инфлитриран бенд може да ја уништи државата до темел. Како што може да се види од следниов фото-кадар, нашата државичка веќе беше дел од ова грозоморно сценарио:
Ги молам љубезно надлежните да реагираат уставно и законски и да ја отстранат оваа закана на начин кој и доликува на една вечна земја која води сметка за мирот, редот и поредокот, благодарам.
![]()


