Колкав масон, овај морон, треба да си за да уопште земеш за сериозно помисла да ги пеналиш со пари немажените и неженетите, како што тоа му текнало на некој во градов.
Замислете ги само можните последици од еден ваков анти-демократски, талибанцки евентуално-потенцијален потег, кој безбели паџа на уставен:

-коперникански пресврт во огласите за лични контакти: имаш трансформација (А) на „романтичните“ огласи типа „средовечен, згоден, ситуиран, бара сродна душа“ у хитхерто огласи типа „средовечен, згоден, ситуиран бара сроден бизнис партнер за штедење данок“, крај на романтиката, енде, коњец, фин…(Б) трансформација на „секси“ огласите од типот „страствен, потентен маж, кој ќе ги задоволи вашите најдлабоки желби“, во секси-ЕПП огласи од типот „Штедиш и се цедиш“.
-У бизнис сектор имаш ситуација на „социјална инверзија“ (феномен даночна евазија со локални креативни импровизации), па сега на работа не те пријавуваат за запослен, а дома пријавуваш лажно жена, сѐ со иста цел, т.е. „целта го оправдува бракот“.
-И сега мажите ќе се најдат на тенок мраз, како и обично кога се во интеракција со поубафкиот пол, и замисли се пушташ на некого, те одбива и после читчатно коментира со другарките: „Го виде ли моронов, цццц, сите мажи се исти, само на брак мислат“…
-Па следуат лингвистички рефлексии за „новата реалност“, па си имаш вакви комшиски мувабети: Митра проговара: „А бе Стојне, ај честито, ќерка ти се земала со Трајче“, а Стојна одговара „Ќути Митре, конечно се одданочифме, каков трошок ни беше, секирации по дома, уф уф фала му на Господа“.
Не знам дали јавноста е подготвена за вакви тектонски промени, хммм…
Башка мораш да прајш интервенции у фолклористика, т.е. мораш тотален ритул да им направиш на песните од типот „Доста време шетав ерген мамо“ у „Доста време плаќаФ данок мамо“….цццц….

